Бебе во поза на Супермен ги воодушевило докторите една секунда по раѓањето

Точка

23/03/2019

15:51

3.529

Големина на фонт

а а а

Многу деца сакаат да станат суперхерои уште од мали нозе, а на ова бебе тоа му успеало уште веднаш по раѓањето.

Имено, тоа зазело интересна поза која наликува на позата на Супермен и со тоа ги воодушевило сите присутни во просторијата, а неговиот татко го овековечил овој посебен момент со фотографија. 


Малиот Хари е роден со царски рез, а неговиот татко ја споделил фотографијата на Инстаграм, опишувајќи го тој момент како непроценливо искуство.

“Пристигна малиот Супермен”, напишал таткото.

Иако тој останал импресиониран од фотографијата, неговата сопруга не била толку опседната со фактот што нивниот син позирал како суперхерој. Таа била среќна што тој е роден здрав и што сѐ поминало во најдобар ред.


“Ја споделив фотографијата на Фејсбук бидејќи сакав да ги охрабрам другите жени кои се породуваат со царски рез, драго ми е доколку фотографијата од мојот син помогнала некому”, напишала мајката на момчето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг