Крузерот кој се наоѓа во близина на брегот на Норвешка пратил повик за помош за што побрзо да се евакуираат 1.300 патници. Досега безбедно со хеликоптери биле префрлено околу 100 луѓе.
Крузерот "Викинг Скај" одел кон брегот кога пратил сигнал за помош.
Како што се наведува, имало дефект на моторот по силните ветрови кои дуваат западно од брегот на Норвешка.
И покрај олујата, бродот успеал да се усидри, а мештаните виделе како крузерот се лула. Поради силниот ветар, два спасувачки чамци морале да се вратат. Крузерот, инаку, се наоѓа на околу километар од брегот.
"Добра вест е што бродот е усидрен и последните половина час не се поместувал", навеле од норвешката полиција.
Dette bildet sier litt om uværet og bølgehøyden #redningsskøyta RS Erik Bye sto overfor utenfor #Hustadvika. Vi er i #beredskap #sjøsikkerhet pic.twitter.com/COSHzr3FZ9
— Redningsselskapet (@NSSR) March 23, 2019
Како што пренесува "Sky News" евакуацијата на патниците со бродови и со хеликоптери е во тек. Портпаролот на компанијата, Еинар Кнудсен, рекол дека евакуацијата се одвива со три хеликоптери.
Норвешкиот "Црвен крст" соопштил дека пратил 60 волонтери да им помогнат на спасувачите.
Бродот припаѓа на компанијата "Викинг Оушн Крузес", основана од норвешкиот милијардер Торстен Хаген.