Над 30 уапсени на протестите во Париз, против „жолтите елеци“ ангажирана и војската

Макфакс

23/03/2019

19:03

2.441

Големина на фонт

а а а

Повремени судири меѓу демонстрантите и полицијата избиваа денеска на улиците низ Париз и другите француски градови за време на протестите на движењето „жолти елеци“ против политиките на владата на Емануел Макрон.

Како што информира порталот „Индекс.хр“, во главниот град биле уапсени вкупно 31 лице, а апсења имало и во јужниот дел на Франција.


Полицијата фрлила солзавец кон демонстрантите во близина на булеварот Стразбур и железничките станици во северниот и источниот дел на Париз, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

До конфликтни ситуации дошло и во градот Лил во северниот дел на државата, како и во Тулуз и Монпелје на југ.


Владата започна операција „Сентинел“ и ангажира воени трупи, бидејќи минатиот викенд демонстрантите демолираа и ограбија продавници на Шанзелизе во Париз. Исто така, како една од мерките за зголемана безбедност при протестите на „жолтите елеци“, на демонстрантите им е забранет пристапот до најпознатата париска авенија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг