Манчини го испофали новиот италијански талент: Тој е предодреден да стане голема ѕвезда

Дерби

23/03/2019

19:48

2.128

Големина на фонт

а а а

Роберто Манчини мораше да прави одредени претумбации во составот на Италија поради повреда на неколку стандардни првотимци, но сепак селекторот на Италија верува во играчите кои ги повика за претстојните квалификациски натпревари.

„Аѕурите“ оваа вечер на домашен терен ќе ја пречекаат Финска, натпревар на кој големи шанси за настап има суперталентираниот играч на Јувентус, Моизе Кеан. 19-годишниот тинејџер се почесто добива шанса од Масимилијано Алегри во Јуве, а Манчини сега го посочи надежниот напаѓач како иднина на италијанската фудбалска репрезентација.

– Мислам дека тој е предодреден да има успех. Кеан е играч кој поседува големи квалитети, се подобрува од ден во ден и верувам дека тој може да биде многу важен играч за Италија, – вели Манчини за Кеан кој стана првиот играч кој е роден во новиот милениум со повик во селекцијата.

– Сепак, не треба да заборавиме дека има само 19 години, не можеме да очекуваме премногу од него и да му создадеме непотребен притисок. Ќе има грешки при учењето, но тој е на правиот пат да стане голема ѕвезда, – заклучува италијанскиот селектор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг