Алберто Аквилани според многумина е едно од најлошите засилувања во историјата на Ливерпул, бидејќи поранешниот италијански репрезентативец воопшто не успеа да се наметне на „Енфилд Роуд“ иако тогаш англискиот клуб за него плати високи 20 милиони евра.
Десет години по пропаднатиот трансфер, Аквилани во овој момент се води како слободен агент и е во потрага по нов клуб, но во меѓувреме 34-годишниот играч за врска одлучи да се потсети на дебито во матичниот клуб. Во далечната 2003 година, Аквилани дебитираше за првиот тим на Рома во победата над Торино од 3:1, а одбележувајќи го овој момент на социјалните мрежи, Италијанецот ја откри и интересната порака која ја добил од главниот судија на натпреварот, Тицијано Пјери.
– Биди мирен, нема да освирам крај се додека не ја допреш топката, – му порачал главниот судија кој го надополнил продолжението со цел Аквилани кој доби шанса во последните моменти да има контакт со топката