Само неколку дена откако се верил со Џеј Ло, ѝ испраќал очајнички пораки на оваа бујна русокоса: Еве што ѝ пишувал

Точка

26/03/2019

15:12

15.611

Големина на фонт

а а а

Британската Плејбој зајачица Зои Грегори ја открила валканата тајна на вереникот на Џенифер Лопез.

Убавата Џеј Ло по четврти пат носи веренички прстен, а овојпат своето срце и доверба му ги дала на Алекс Родригез кој по сѐ изгледа ја изневерувал пејачката со поранешна жена на еден соиграч. 

Хозе Кансеко, бејзбол играч, пред некое време на Твитер упатил јавен апел до Алекс да престане да ја изневерува Џенифер, но тој ги отфрлил ваквите обвиненија и порачал дека е спремен да биде подложен на детектор за лаги за да ги поткрепи своите тврдења.

Сега се огласила и една Плејбој зајачица која ги потврдила гласините дека Алекс е неверен.

“Ми испраќаше пораки и фотографии од половиот орган сѐ до денот на веридбата. Џенифер е прекрасна и не заслужува да проаѓа низ ова. Додека се спремаше да ја запроси, бараше од мене секси снимки и ме молеше да се видиме”, тврди Зои Грегори.

Таа додала и дека Родригез сакал да има тројка со неа и уште една девојка:

“Дали и понатаму размислуваш за девојките кои би можеле да нѝ се придружат?”, ѝ напишал тој, а потоа се распрашувал и за нејзина пријателка, вели Зои.



Спонзорирани линкови

Маркетинг