Роби Вилијамс и Ајда Филд на социјалните мрежи ојавија дека само после една сезона нема повеќе да се појават како судии во британското музичко шоу X Factor.
Тие објавиле заедничко соопштение каде напишале сè што можат фановите да очекуваат од нив во текот на годината, а тоа дефинитивно не е седењето покрај Сајмон Кауел и оценувањето на натпреварувачи.
Извори блиски до парот тврдат дека немало никакво несогласување помеѓу нив и Сајмон, а причината за нивното заминување е тоа што тие сакале повеќе пари, а продукцијата не сака да им плати.
"Роби и Ајда веќе имаа договор од 10 милиони фунти и немаше шанса да се зголеми сумата. Не се скарани со Сајмон, неодамна беа заедно на одмор, но бизнис си е бизнис", рекол изворот за Сан .
Роби и Ајда заедно имаат три деца, а третата ќерка ја добија преку сурогат мајка.
Постои можност дека шоуто ќе го напушти и Луис Томлинсон чија сестра неодамна почина, а Сајмон наводно планира да го врати шоуто на само тричлено жири како што било на самиот почеток.