Доколку имате брада тогаш имате многу повеќе бактерии отколку едно куче

Супермен

15/04/2019

13:41

4.557

Големина на фонт

а а а

Долгата машка брада веќе неколку години не излегува од мода, но најновите истражувања покажуваат дека таа брада е преполна со бактерии. Маж кој има долга брада на себе има повеќе бактерии отколку едно куче, покажува истражување спроведено во Швајцарија.

"Истражувачите откриле дека има значително повеќе бактерии во примероците земени од машка брада во споредба со примероците од крзното на куче", изјави професорот Андреас Гутцајт, од швајцарската клиника Хирланден. 


"Ова значи дека просечно куче во споредба со просечен маж со брада е многу почисто", додава Гутцајт.


Истражувањето е спроведено на 18 брадести мажи на возраст од 18 и 76 години и сите тие имале повеќе бактерии отколку кучињата во своето крзно. За разлика од мажите, само 23 од 30 кучиња имале поголема количина на бактерии во крзното. Исто така, седум од осумнаесет мажи во брадата имале бактерии кои се опасни по човечкото здравје.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk