Audi на саемот за автомобили во Шангај ја претстави својата визија за иднината, електричниот концепт AI:ME.
Футуристичката верзија на A2 покажува дека Audi одлично знае да дизајнира автомобил кој ќе го привлече вниманието со своите интересни линии. Концептот е базиран на новата MEB платформа како и на Seat el-Born и електричното I.D. семејство на Volkswagen.
AI:ME го покренува електромотор од 170 коњски сили на задната осовина, но му е потребен само дел од оваа сила со оглед дека тој е наменет пред сѐ за градска употреба.
Од Audi веруваат дека воглавно ќе се вози со брзина од 20-70 км/ч. на кратки релации, и дека батеријата од 65 kWh е доволна за градска употреба, но не е соопштена автономијата на ова возило.
AI:ME е трет во низата на електричните концепт возила на Audi, по Aicon од 2017 година и PB 18 од 2018, а на саемот во Франкфурт во септември се очекува и четвртиот модел.