Велосипедски сојуз од Англија дискриминираше клуб чии членови се порно ѕвезди: "Велосипедизмот очигледно е за сите луѓе, освен за оние како нас"

Точка

15/04/2019

17:24

12.381

Големина на фонт

а а а

Неверојатна приказна доаѓа од Велика Британија. Тамошниот велосипедски сојуз одлучи да исфрли еден клуб од натпреварување и тоа поради необични причини. Нивните членови имено се порно ѕвезди.

Porn Pedallers Cycling Club доби забрана за натпреварување и тоа само поради работата со која се занимаваат надвор од спортот. Од клубот упатиле жестоки критики кон сојузот кои ги обвинуваат за дискриминација. 

"Велосипедизмот очигледно е за сите луѓе, освен за оние како нас. Го повлекоа членството за нашиот клуб, бидејќи ги кршиме правните регулативи", рекле од Porn Pedallers Cycling Club, па додале:

"Ние возевме од забава и собиравме пари за здруженијата кои им помагаат на заболените од сида".

Во сојузот не гледале на тој начин и ги исфрлиле од натпреварувањето веројатно бидејќи сметаат дека порно глумиците упатуваат погрешна слика за велосипедизмот. Тоа секако не им пречи на нивните фанови кои своите омилени порно ѕвезди ги следат на Инстаграм. Фотографиите кои се наоѓаат таму можеби ја откриваат и причината за нивното исфрлање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг