Јужнокорејскиот гигант Hyundai го претстави најмалиот SUV во својата линија, на саемот на автомобили во Њујорк дебитираше поткомпактниот кросовер Venue.
Venue е 13 центиметри пократок и 3,05 центиметри потесен и поседува 8,13 центиметри пократко меѓуосовинско растојание од Hyundai Kona. Поради поголемата висина за 1,52 центиметри делува робустно, но овие димензии значајно се чувствуваат во патничкиот простор кој е за 76,5 литри помал.
Venue го придвижува 1,6-литарски четирицилиндричен агрегат во комбинација со шестстепен мануелен или CVT автоматски менувач.
Hyundai не ги открил спецификациите на овој погон, но наведува дека просечната потрошувачка е околу 7,12 л/100 км.
И покрај помалите димензии, Venus делува помасивно од Kona поради “посировата” појава.
Додека купувачите ќе можат да бираат помеѓу осум различни бои на шасијата со можност на двобојна шема, во ентериерот се истакнува 8-инчниот мултимедијален дисплеј и 3,5-инчниот инфо дисплеј на контролната табла.
Продажбата на Hyundai Venue започнува во последниот квартал од 2019 година, а цените засега не се познати.