Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте

Точка

19/04/2019

09:03

2.338

Големина на фонт

а а а

„Ги охрабрувам моите луѓе да ги прават работите на различен начин, да бидат секогаш љубопитни и да не се плашат од предизвици“.

1. Вие сте генерален менаџер на Park Hotel & Spa скоро 2 години. Дали влегувањето во хотелиерскиот бизнис беше Вашата животна желба? Која беше Вашата инспирација за тоа што го правите и какво е Вашето искуство во споредба со останатите хотели во кои сте работеле низ целиот свет? 

Да, дефинитивно. Уште како дете, почнав од самиот почеток, така што работев како келнер, бармен... ги поминав сите фази. Тоа ми помогна многу во процесот на растење и спознавање на сите аспекти на нештата. Комуницирањето со луѓе беше секогаш она што најмногу го умеев, заедно со истражувањето на нови хоризонти, нови култури... во текот на мојата професионална кариера патував и работев во 4 земји и сите тие ми донесоа различни искуства, но она што постојано ме туркаше беше страста и посветеноста. 


Морам да кажам дека угостителскиот бизнис во Северна Македонија навистина се подобрува, но исто така е многу динамичен и бара актуелност и постојано следење на најдобрите светски трендови во хотелиерството и угостителството, нови технологии и услуги. Тоа е токму она кон кое се стремиме, така што го имплементираме во сè она што го работиме.

2. Park Hotel & Spa Skopje е најдобриот хотел во земјата. Како ги одржувате мотивацијата и професионалната услуга во сите аспекти на Вашиот бизнис? 

Со постојан тренинг и инвестирање во персоналот и овозможување врвни услуги од светска класа. Ние ја делиме истата визија, работиме како тим и заедно се соочуваме со нови предизвици. Ги охрабрувам моите луѓе да ги изведуваат работите на различен начин, да бидат секогаш љубопитни и да не се плашат од предизвици. Ги кажуваме нашите соништа на глас и ги исполнуваме, сите заедно. Да се биде различен и уникатен е многу важно и третирањето на секој клиент на персонализиран начин е многу поважно од совршената локација или пак, луксузот. 


3. Кој е најголемиот успех на Park Hotel & Spa од почетокот на неговото постоење и кој е главниот клуч за успех?  

Ние направивме разлика. Не се плашиме да експериментираме, да бараме совети и мислења од нашите клиенти и да се стремиме кон повеќе. Луѓето и гостите нè препознаваат, ја препознаваат нашата вредност и она што ни значи е нивната лојалност, доверба и нивното повторно и повторно враќање тука. 


Посетата на Премиерот на Грција, Алексис Ципрас беше уникатен момент и засекогаш ќе биде запишан во биографијата на Park Hotel & Spa, а исто така и во мојата. Голема е честа и да се биде прв хотел домаќин на неговата прва посета на оваа земја. Ова е само уште една потврда и награда за нашиот напорен труд и посветеност. 

4. Каде го гледате хотелот во блиска иднина и дали планирате да ги проширите објектите на хотелот? 

Имавме прекрасно патешествие. Стануваме поголеми и посилни од ден на ден, паралелно со нашата приказна чиј успех се подготвува да достигне сосема друго ниво. Се подготвуваме да му посакаме добредојде на новиот член на Parkland Hospitality Group, Next Door Park Hotel, хотел со четири ѕвезди, лоциран веднаш до Park Hotel & Spa. Отворањето на новиот хотел доаѓа како резултат на постојаното исполнување на капацитетот на Park Hotel & Spa и желбата да се одговори на потребите и зголемениот број на туристи и гости кои доаѓаат во Северна Македонија, истовремено нудејќи комплетно нов, свеж и персонализиран концепт. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг