Компанијата Фејсбук признала дека милиони кодови на корисниците на Инстаграм биле изложение на нивните сервери. Откриено е дека кодовите се складирани во обичен текст и им биле достапни на 20.000 вработени луѓе во Фејсбук кои можат да ги искористат во било кој момент.
Тие објавија дека со безбедносниот надзор откриле дека 600 милиони кодови се зачувани во формат кој може да се прочита. Фејсбук рекол дека ќе ги извести корисниците за овој проблем, како што го направиле тоа и претходно.
"Со истрагата е потврдено дека складираните кодови не се интерно злоупотребувани или неадекватно користени за пристап", рекол потпретседателот од одделението за инженерство и безбедност во Фејсбук, Педро Канахуати.
Истражувачите откриле дека овој начин на складирање датира уште од 2012 година, а компанијата го воочила дури во јануари минатата година. Ова е само еден во низата пропусти поради кои Фејсбук се најде на удар минатата година.
Во средата признале дека ненамерно поставиле е-маил контакти на 1,5 милиони корисници на социјалните мрежи од мај 2016 година. На крајот ги избришале.