Најдобар! Најплатен! Најбогат! Секако и најпосакуван. Сите го сакале неговото внимание и сите го посакувале него, од спонзори па до жени. Но, за разлика од Роџер Федерер, кој целиот свој живот и кариера ѝ ги предаде на една жена, овој никако не се најде во тоа сценарио.
Тајгер Вудс бил и останал еден од најспомнуваните ликови во американската и светска спортска сцена. Во една фаза од кариерата Американците имале исклучително позитивни зборови за него, а нешто подоцна таблоидите воопшто не го штеделе:
"Алкохоличар! Измамник! Наркоман!"
Иронијата на судбината сакаше неговиот скандалозен живот да започне од оној момент кога неприкосновениот првак бил претепан од тогашната сопруга Елин Нордгерн и тоа со палка за голф.
Всушност, се пишуваше многу и за сообраќајна несреќа. После се открило дека до несреќата дошло, бидејќи Тајгер влетал во автомобил со цел да се спаси од Швеѓанката, која еден ден претходно откри за неверството на својот сопруг. Наводно, Тајгер најмногу ја повредил сопругата со тоа што спиел со 21 годишната соседка Рејчел Кудриет која ја познавал од 14 годишна возраст.
Кадилакот Ескалејд завршил во хидрантот, а Тајгер имал полесни повреди.
"Ги откажувам турнирите до крајот на годината", кратко ја информирал јавноста во ноември 2009 година.
На почетокот на декември, една по една започнале да се појавуваат во медиумите. Три келенерки, модел за долна облека, дури и порно глумица. И тука не е крајот, туку почетокот - признал 120 "авантури", а признал дека најмногу го обожувал алкохолот.
Започна американската потера, а со цел да го спаси бракот, но и да не си заминат спонзорите, отишол на рехабилитација за да се спаси од зависноста од секс.
"Во склоп на програмата за рехабилитација ги напишал сите имиња на 120 девојки со кои ја изневерил сопругата, но на таа листа не се најде 21 годишната соседка", откриваат медиумите.
Во февруари 2010 одина се согласил и на понижување. Со својата мајка во прв ред, Тајгер околу 15 минути ѝ читал писмо со извинување на сопругата, роднините, пријателите, цела Америка, светот и фановите. Им испратил и писма на родителите на децата во училиштето на своите деца и им се извинил што без своја вина завршил во епицентарот на скандалот.
Сопругата? Вооружана со адвокатски тим кој го предводеше нејзината сестра извлече 100 милиони долари од сопругот, а после процесот кој беше финализиран во Мајами му испратила порака:
"Сè ти простив".
Во текот на годините, Тајгер се тешел во друштво на русокоси, а една од жртвите била и Линдзи Вон. Но, две години подоцна во мај 2015 година раскинувањето со Вон беше предизвикано од нов љубовен скандал на Вудс.
Во мај 2017 година полицијата го привела поради возење под дејство на лекови, но неофицијално таблоидите тврдат дека бил во алкохолизирана состојба.
И големото филмско враќање се случи пред неколку дена. Откако Италијанецот Франческо Молинари испуштил неколку "зицери во вода", сè беше отворено за второпласираниот Американец.
Тајгер го освои турнирот во Аугуста по петти пат во кариерата, односно тоа му е 15 титула, за првпат после 2008 година, периодот кога среќно беше оженет со шведскиот модел.