Новиот iPhone на Apple, кој ќе се појави оваа година ќе има подобрена селфи камера. Познатиот и почитуван аналитичар Минг Чи Куо рекол дека новиот модел на iPhone ќе има значително подобра предна камера која ќе фотографира квалитетни фотографии во услови на слаба светлина.
Тој додаде дека од компанијата од Купертин предната камера од 7 мегапиксели ќе се замени со камера од 12 мегапиксели, што ќе биде подеднаков број на мегапиксели како на задната камера.
Во неговиот извештај се наведува дека Apple ќе мора да поработи на тоа предната камера подобро да се вклопи во надворешниот дел на уредот, а Самсунг тоа веќе го прави така што ги сокрива камерите во ивицата. Тоа не значи дека се сосема невидливи, но дека се тешко воочливи.
Освен предната, се очекува и подобрена задна камера. Следната верзија на iPhone XR ќе има две камери, што значи додаток на телефото камерата. Тоа ќе биде првпат Apple да вградува две задни камери во основниот модел на iPhone. Токму за тоа пишува и Wall Street Journal. Куо предвидува и повеќе пиксели, што исто така би можело да резултира со подобри перформанси на камерата во услови на лоша светлина.
Најголеми промени ќе доживее камерата на наследниците на XS и XS Max. Овие модели ќе добијат трета камера со супер широк агол.