Кинезите го ископирале познатиот модел на Porsche, еве го резултатот

Супермен

22/04/2019

08:52

2.182

Големина на фонт

а а а

Меѓу неброените новитети на шангајскиот салон е изложен и еден интересен модел кој многу потсетува на славниот спортски автомобил во Европа.

Еден од тие новитети е дело на кинеската компанија “Zedriv”, а е наречен “GT3”. Нема сомнеж дека токму Porsche 911 бил инспирација за автомобилот, а некои детали се преземени и од Nissan 370Z. Симпатичната копија со атрактивна боја е со должина од околу 4 метри, широка е 1,65 метри и висока дури 1,28 метри. 


“Zedriv GT3” го придвижува електричен погон, а од компанијата велат дека со максималните 133 коњски сили и 175 Nm достигнува брзина од 100 км/ч. за само 7,6 секунди, а максималната брзина му е 160 км/ч. Опремен со батерии со капацитет од 33,6 kWh, може да прејде пат до 260 километри со едно полнење.

За можностите на сериско производство досега никој нема информации, како ни во кој спектар на цена ќе спаѓа ваквиот модел.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk