Еминем ја покажал паричката која го спасила: “За малку ќе умрев...”

Супермен

22/04/2019

13:55

2.694

Големина на фонт

а а а

Најпознатиот светски рапер Еминем се пофалил на својот Инстаграм профил дека е “чист” цели 11 години. Во минатото бил навлечен на разни лекови на рецепт, а како што вели, еднаш речиси ќе умрел од предозирање.

Како млад се издигна и без некој да му даде некакви шанси, стана најголемиот рапер на светот. Во играта, во тоа време резервирана за Афроамериканците, едно слабо бело момче од Детроит им покажа на сите дека расата нема врска со умешноста за рапување, но сето тоа имало своја цена. Еминем брзо се “навлекол” на разни антидепресиви и алкохол, но денес слави 11 години откако ѝ рекол “не” на зависноста. 

Раперот на својот Инстаграм профил објавил фотографија од паричка која ја добил во програмата на Анонимни алкохоличари со опис “Поминаа 11 години. Сè уште не се плашам”.

View this post on Instagram

11 years - still not afraid.

A post shared by Marshall Mathers (@eminem) on

Својата разуздана младост и зависноста, Еминем никогаш не ја криел.

“Пред 12 години се предозирав со таблети за спиење и речиси ќе умрев. Во тоа време тежев 110 килограми. Сите тие Валиуми и Викодини оставија дупка во мојот желудник, а за да ги избегнам болките постојано јадев. Кога конечно отидов на рехабилитација, сфатив дека морам да се променам. На почетокот имав проблеми со спиењето, но потоа одлучив да почнам да трчам. Сега сум зависен од трчање, но тоа за мене не е штетно”.

Раперот долго време мислел дека нема проблем бидејќи никогаш не бил зависен од хероин, крек или кокаин, туку од лекови кои можат да се набават во сите аптеки со рецепт. Наскоро почнал да пие 20 таблети дневно, а на Викодинот и Валиумот го додал и Занаксот. За среќа, тие денови денес се минато, а Еминем е подеднакво добар и без сите тие таблети и алкохол...



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk