Хари очајнички се обидуваше да го избегне Вилијам: Дали ова е доказ дека има несогласување помеѓу браќата?

Супермен

22/04/2019

15:06

3.229

Големина на фонт

а а а

Членовите на британското кралско семејство во неделата присуствувале на црквената служба по повод Велигден. Додека принцот Вилијам се појави со сопругата Кејт, принцот Хари дојде сам, бидејќи неговата сопруга Меган треба да се породи во секој момент.

Многумина забележале дека принцовите биле ладни еден кон друг, а експертот за говор на тело рекол дека Хари очајнички настојувал да го избегне братот Вилијам. 

Војводата од Сасекс се движел пред својот брат до капелата во Виндзор, што поттикна гласини за несогласување помеѓу нив.


"Дури и фактот дека дошле и отишле одвоено од службата предизвика сомнение за сè поголемото несогласување помеѓу браќата", рекла експертот за говор на тело, Џуди Џејмс.

Таа рекла дека принцот Хари чудно се однесувал кога бил во друштво на постариот брат за време на Велигденската служба. Исто така, Хари разговарал со неговиот братучед Тиндал, но со својот брат не разменил ниту еден збор.


"Хари очајнички избегнуваше да се сретне со својот брат", додала Џејмс.

Таа истакнала дека Хари, Кејт и Вилијам секогаш имале добар однос, но дека одеднаш Хари изгледа сериозно.


Дури и кога пристигнуваше кралицата Елизабета Втора која денес го прослави 93 роденден, принцот Хари не стоеше покрај Кејт и Вилијам.

"Неговото тело покажуваше знаци на вознемиреност кога ќе се најдеше во нивна близина", рекла таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk