Платата на шефот на Дизни ја налути внуката на соосновачот: “Тоа е безумно”

Супермен

23/04/2019

10:52

2.530

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на Дизни, Боб Ајгер, минатата година заработил речиси 66 милиони долари, а внуката на соосновачот на компанијата, Рој О. Дизни, тоа го нарекла “безумно”.

Абигејл Дизни ја критикувала мултимилионската плата на Ајгер во неколку објави на Твитер и открила дека, според објективни мерки, илјада пати поголемиот сооднос на платата е потполно луд. 

Платата на извршниот директор од минатата година била 1424 пати поголема од просечната плата на еден вработен во компанијата, која изнесува 46.127 долари, според истражување на “Equilar”. Неговата плата е зголемена за долгорочен поттик поврзан со продолжување на договорот кој бил најавен паралелно со договорот Дизни да го купи поголемиот дел од “21st Century Fox”. Оваа година неговиот компензациски пакет вреди 35 милиони долари, пишува “CNN”. 


“Кога доби бонус минатата година, направив некои пресметки и сфатив дека можел лично, од свој џеб, на секој работник во Дизниленд да му ја зголеми платата за 15 отсто, по што би му останале 10 милиони долари”, изјавила Абигејл на еден настан и додала дека неговото ниво на плата има “корозивно влијание врз општеството”.

“Постои точка во која едноставно премногу оди на врвот во таа класа на луѓе кои – жал ми е, ова е радикално – ги имаат сите тие пари”.

Минатата година, Дизни потпиша договор со синдикатите со кој се зголеми минималната плата на работниците во Волт Дизни Ворлд Ресорт на 15 долари по час до 2021 година. Иако тоа е двојно повеќе од државната минимална плата од 7,25 долари по час, Абигејл на Твитер се прашувала зошто компанијата која е попрофитабилна од некогаш, не може повеќе да ги плати луѓето и “барем да го почитува нивното достоинство”.

Претходно, таа изјавила дека смета дека платата на извршните директори е превисока.

“Ако платата на вашиот шеф е 700, 600, 500 пати поголема од онаа на просечниот работник, никој во земјата, Исус Христос самиот не е вреден 500 пати повеќе од просечната плата на својот работник”.

Дизни ја бранел платата на Ајгер, наведувајќи дека “90 отсто од неа се базира на учинок”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk