Ова се градовите во кои живеат најмногу милијардери: На прво место е американската метропола, петти пат по ред

Супермен

24/04/2019

13:29

2.300

Големина на фонт

а а а

Според последното рангирање на магазинот “Forbes”, во светот живеат вкупно 2.153 милијардери.

Таа цифра сега е нешто помала бидејќи кинеските милијардери испаднале од листата во текот на претходната есен. Како што знаете, милијардерите внимателно ги избираат градовите во кои ќе живеат и ќе се занимаваат со своите бизниси, врз основа на приликата за раст и развој, даночните обврски и другите детали кои ја сочинуваат мрежата на совршено работење. 


Овој пат, одлучивме да ви претставиме листа со десет градови во кои живеат најмногу милијардери, а Њујорк се најде на нејзиниот врв, по петти пат. Дури 84 милијардери живеат во овој град, а имаат комбинирано богатство во износ од 469,7 милијарди долари. Таа цифра го надминува бруто домашниот производ на Австрија, една од 14-те најбогатите земји на светот.

Кина има најмногу градови на оваа листа бидејќи дури 145 кинески милијардери живеат во Пекинг, Шангај и Шенџен. Остатокот од листата на градови во кои живеат најбогатите луѓе на светот делува непроменето во однос на минатата година, со тоа што некои градови паднале на местото под или се искачиле на некое друго место. Сан Франциско има најголем скок во тоа поле, качувајќи се од десеттото на седмото место.

Без одолговлекување, ви ги претставуваме сите градови на оваа листа и бројот на милијардери кои живеат во нив:

10. Мумбај – 37 милијардери, вкупно богатство: 184,4 милијарди долари

9. Сеул – 38 милијардери, вкупно богатство: 99,9 милијарди долари

8. Шенџен – 39 милијардери, вкупно богатство: 190,5 милијарди долари

7. Сан Франциско – 42 милијардери, вкупно богатство: 109,2 милијарди долари

6. Шангај – 45 милијардери, вкупно богатство: 110,97 милијарди долари

5. Лондон – 55 милијардери, вкупно богатство: 226 милијарди долари

4. Пекинг – 61 милијардер, вкупно богатство: 193,3 милијарди долари

3. Москва – 71 милијардер, вкупно богатство: 336,5 милијарди долари

2. Хонг Конг – 79 милијардери, вкупно богатство: 355,5 милијарди долари

1. Њујорк – 84 милијардери, вкупно богатство: 469,7 милијарди долари



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk