Започна продажбата на најголемиот SUV на Мерцедес, засега без бензинци

Супермен

24/04/2019

17:26

1.810

Големина на фонт

а а а

Германскиот производител ја отворил книгата за нарачки на GLS новата генерација, а на почетокот корисниците ќе имаат само дизел верзии.

Десетина дена после премиерата на новата генерација на Мерцедес GLS, објавени се и цените на овој луксузен SUV.

Најевтиниот модел во Германија чини 85.923 евра, колку што треба да издвоите за Mercedes GLS 350d 4MATIC. Основниот дизел модел е опремен со 2.9 литарски и 6-цилиндричен турбо мотор со 286 ks (210 kW) и 600 Nm.


Автомобилот од 0-100 km/h стигнува за 7 секунди, пред да ги достигне максималните 227 km/h.

И вториот модел има дизел мотор, а станува збор за Mercedesu GLS 400d 4MATIC. За погонот е употребен истиот 2.9 литарски и 6-цилиндричен турбо мотор, но тука тој произведува 330 ks (243 kW) и 700 Nm, што е доволно за SUV да забрза 0-100 km/h за само 6.3 секунди.


Силниот дизел мотор може да достигне 238 km/h, а цената во Германија се движи од 90.386 евра.

Сите верзии на новиот Мерцедес GLS во Европа, стандардно се испорачуваат со 7 седишта, при што во вториот ред се споени и можат да соберат три патници.


Купувачите како опција можат да нарачаат и верзија со 6 седишта, во три реда и конфигурација 2+2+2.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk