Оваа „жешка“ убавица ги излудува Инстаграм корисниците, а истовремено е разочарана од познатиот фудбалер

Точка

24/04/2019

20:43

12.845

Големина на фонт

а а а

Алексис Санчез оваа сезона во дресот на Манчестер Јунајтед го одигра 23-от натпревар и притоа даде дури два гола и имаше четири асистенции.

Тоа е премалку за она што сме навикнати да го гледаме од 30-годишниот напаѓач и секако е премалку за да ги полни насловните страници на странските медиуми со своите прекрасни изведби, како што тоа некогаш го правеше.

Санчез сепак дојде до медиумите, но сега поради сосема други работи кои немаат никаква поврзаност со фудбалот. Една од, очигледно многуте девојки на Санчез, Марта Соса, тврди дека со славниот фудбалер доживеала вистински пекол.

„Ми го направи животот неподнослив! Ми се јавуваше по цели денови и ме надгледуваше. Не ми дозволуваше ништо“, рекла парагвајката во едно интервју и признала дека дури помислила и на самоубиство:

„За малку ќе извршев самоубиство. Дознав дека се допишува со други девојки. Многу се заљубив во него, но тоа што го направи ме уништи“, признала Соса, која на Инстаграм ја следат речиси 100.000 луѓе кои често ги почестува со жешки фотографии, но сепак ѝ пречело тоа што Санчез зборувал со други девојки. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг