Заводниците од новото продолжение на "Avengers: Endgame" се појавија на црвениот тепих во многу интересни изданија и им одржаа важна лекција за стилот на сите мажи кои сакаат да изгледаат неодоливо.
Иако очекувавме да ги видиме во одела со машни и кравати, тие се појавија во многу поопуштена облека и на тој начин ги освоија сите можни комплименти и пофалби. Покрај тоа, на сите мажи им одржаа важна лекција за стилот.
Дон Чидл за оваа прилика се одлучил за формална гардероба, но облекол бели патики и со тоа овој 54 годишен глумец покажа дека годините не можат да ве ограничат кога станува збор за формално облекување во комбинација со лежерна облека.
Темно сино одело може да го искомбинирате со кошула во светло сина боја. Кој би рекол дека комбинации на неколку нијанси на сина боја е одличен избор за црвениот тепих. Тоа ни го покажа Крис Еванс.
Обична бела маица одлично се согласува со одело. Кога ќе ви биде доста од формална облека и кошула, облечете бела маица и ќе блеснете.
Црно формално одело е секогаш сигурна карта на која можете да играте. Доколку претерате, може да изгледате како да одите на погреб, а не на некоја прослава. Крис Прат формалното црно одело го искомбинира со сребрен часовник и високо врзана кравата.
Крис Хемсворт не е некој кој греши кога стилот е во прашање. Познатиот Тор одлучил да го разбие образецот на еднобојни досадни одела и облекол сино одело со црни аксесоари. Темната боја му даде елеганција и ја разби досадата на еднобојна комбинација која ја носат поголемиот дел од мажите.