Пристигна Mortal Kombat 11 – продолжение на култната игра со нови ликови и брутална борба

Супермен

25/04/2019

16:22

2.147

Големина на фонт

а а а

Долгоочекуваната видео игра Mortal Kombat 11 која носи потполно ново искуство на борба за милиони фанови на MK ширум светот, вчера беше официјално објавена.

MK11 има редизајниран систем за борба кој има за цел да им понуди стратешка игра на играчите со многу поголем фокус на приказната.  

Според зборовите на креативниот директор и коавтор на играта, Ед Бун, желбата за промени и иновации е една од клучните причини поради која Mortal Kombat толку долго остана популарна видео игра ширум светот.

“Причината зошто стануваме посилни од некогаш е бидејќи не се плашиме. Всушност, можеби и се плашиме, но не се воздржуваме да направиме драматични промени во формулата на играта. Постојат некои основни работи кои не сакаме да ги менуваме, но цврсто веруваме дека мораме постојано да се менуваме”, изјавил Бун.


Тој додава дека авторите пред креирање на новата верзија на Mortal Kombat прво размислуваат што би можеле да променат, а потоа им пристапуваат и на останатите надоградби. Во случајот на MK11, Бун вели дека веднаш знаеле дека сакаат да го променат концептот на приказната. Со тоа, во новата верзија на играта се мешаат различни временски линии каде помладите и постарите верзии на ветераните на Mortal Kombat меѓусебно комуницираат.

Во светот на MK11 се присутни старите, но и некои нови ликови. Тука се Шанг Тсунг, Најтволф, Синдел, Фуџин и Шива, додека “гостински” ликови се Џокер, Спон, Еш и Терминатор.

Неизвесноста во битката е зголемена со воведување на фаталниот удар кој се отклучува кај ликовите со енергија под 30 отсто, а тука се и некои нови борци како Герас, Центрион и Колектор.

Освен изгледот на ликовите, играчите ќе можат да ги променат и нивните анимации на почетокот и крајот на секоја борба, но и нивните потези со што би наликувале на некои нивни верзии од претходните МК игри. Всушност, МК11 има прилагодени ликови кои на играчите им пружаат можност да направат борци по своја желба.

МК11 е објавена за конзолите на Microsoft Windows, Nintendo Switch, PlayStation 4 и Xbox One. Со оглед дека оваа акциона игра изобилува со непријатни сцени, таа не се препорачува за деца.

За потсетување, првобитната Mortal Kombat е развиена од страна на Midway Games во 1992 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk