Гага се соблекла, а Кејти Пери се претворила во лустер: Ова се најлудите изданија од вчерашната Мет Гала

Точка

07/05/2019

10:12

3.359

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер во њујоршкиот музеј Метрополитeн беше одржана познатата Мет Гала.

Темата на овогодишниот настан гласела “Кeмп: Записи за модата” и е инспирирана од есејот на Сузан Сонтаг од 1964 година, кој го носи насловот “Notes on Camp”. Имено, зборот “Camp” се дефинира како љубов кон неприродното, како уметност и претерување.  

А како тоа изгледа во пракса, вчеравечер докажале бројни славни дами кои се потрудиле да ја следат темата, додека и оваа, како и секоја година, имало и дами кои се дотерале како за обичен црвен тепих.

Ние сепак одлучивме да ги изоставиме и денеска да ви ги претставиме најекстравагантните изданија од најлудиот црвен тепих во годината:

Лејди Гага

Пејачката направила вистинско шоу на црвениот тепих на кој се појавила во волуменозен розов фустан со потпис на Брендон Максвел и потоа започнала да се соблекува...


Од розов се пресоблекла во црн фустан со пелерина, а потоа повторно во розов, потесен модел. Но, тоа не било крајот на нејзиното соблекување.


Лејди Гага на црвениот тепих останала во долна облека и чизми и со себе влечела розова количка со шишиња вино, лак за коса и проѕирни чантички.


Кајли и Кендал Џенер

Славните сестри модно се усогласиле во Версаче фустани со перја.


Кендал носела портокалов фустан со драматични пердувести ракави, додека Кајли го усогласила својот полупроѕирен виолетов фустан и со бојата на косата.


Селин Дион

Славната пејачка буквално заблескала во сребрен фустан со реси кој го надополнила со шешир од перја, а за нејзиниот изглед е заслужна модната куќа Оскар де ла Рента.


Карди Би

Популарната раперка носела бордо креација со потпис на дизајнерот Том Брауни долга три метри и со пердувести детали.


Кејти Пери

Пејачката се претворила во лустер во екстравагантната креација на модната куќа Мошино.


Сијара

Сијара наликувала на Дијана Рос од нејзината диско ера, како со фризурата, така и со светкавиот зелен фустан на брендот Дундас.


Лупита Нјонго

Актерката привлекувала внимание со шарената Версаче креација во боите на виножитото, но и со одважната фризура и шминка.


Емили Ратајковски

Славната манекенка се инспирирала од пејачката Шер, а носела креација со потпис на модната куќа Дундас.


Џенифер Лопез

Џеј Ло заблескала во издание на Версаче со сребрени реси.


Ким Кардашијан

Славната старлета носела фустан на Тиери Маглер во кој изгледала како да е мокра, додека Канје се облекол како нејзин телохранител.


Џиџи Хадид

Манекенката изгледала како сребрена статуа во издание со потпис на Мајкл Корс.


Бела Хадид

Помладата сестра Хадид носела лелеав црн Мошино фустан со прорези и светкави украси.


Зендаја

Актерката и пејачката се претворила во Пепелашка во “магичниот” фустан на Томи Хилфигер


Пријанка Чопра

Убавата Индијка носела креација на Диор, а освен со аутфитот, таа привлекувала внимание и со необичната шминка.


Кара Делевињ

Манекенката од глава до пети се облекла во шарени риги со потпис на модната куќа Диор, а слична била и нејзината шминка.


Ешли Греам

Најпознатиот плус сајз модел повеќе открила отколку што прикрила во креација во соработка со модните куќи Гучи и Дапер Ден.


Крис Џенер

Мајката на познатото семејство Кардашијан-Џенер носела креација со потпис на Томи Хилфигер и руса перика.




Спонзорирани линкови

Маркетинг