За слепите деца направила лего коцки на Браилово писмо

Точка

07/05/2019

18:35

5.047

Големина на фонт

а а а

Коцките треба да им помогнат на децата со оштетен вид полесно да научат да ја читаат Брајовата азбука. Тие се во облик на букви, броевИ или математички симболи во Браиловото писмо.

Компанијата „Лего“ во соработка со данското здружение за слепи и бразилското здружение „Dorina Nowill“ го претставилао новиот проект со наслов „Braille“ лего коцки.

Се работи за коцки кои се наменети за слепи и деца со слаб вид, а чиј проект е со цел да им помогне што полесно да го научат Браиловото писмо.

Бојата потсетува на оригиналните лего коцки, а од нив се разликуваат само по текстурата. Новите лего коцки на пазарот ќе бидат достапни во комплет од 250 парчиња, а доаѓаат во облик на букви, броеви или математички симболи во Браилово писмо.

„Аудио книгите се прекрасна работа, но кога знаете дека децата само слушаат, јасно ви е дека тука недостасуваат важни компоненти, како граматика, начинот на кој зборовите се пишуваат, односно правопис, интерпункциски знаци, и местото на кое што параграфот почнува и завршува“ - рекла Кејт Катулак, заменик директор на училиштето за деца со слаб вид и слепи луѓе „Perkins School“ од Масачусетс, која смета дека децата заради разни аудио книги и компјутерски програми, сè поретко учат да ја читаат Брајовата азбука.

„Кое дете не сака активности кои може да ги прави заедно со своите врсници?“ - вели Катулак.

На коцките ќе бидат испишани и знаци за деца кои гледаат. Освен за учење, коцките ќе може да се користат и како игра.

Лего Браиловите коцки, веќе се тестираат во училиштата во Данска, Норвешка, Англија и Португалија. До крајот на годинава на ред ќе дојдат и Германија, Шпанија, Франција, а до 2020-та година треба да бидат достапни насекаде низ светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг