Антонио Бандерас: После инфарктот живеам како што отсекогаш сакав

Точка

14/05/2019

10:00

2.946

Големина на фонт

а а а

Славниот “десперадо“, иако го сменил начинот на живот после срцевиот удар, не само што ужива со новата девојка туку сними и серија во која го глуми Пикасо.

Тој би можел да биде постер за “мачо-мен“ и латино љубовник. И баш како таков го виде и Холивуд. Додека во Шпанија беше голема муза и инспирација на режисерот Педро Алмодовар за уметничките проекти, во Америка бил профилиран како заводник, со препознатлив акцент, а режисерите се натпреварувале кој ќе му даде поексплозивна улога.

Во јануари, 2017-та година, Бандерас во текот на вежбањето во теретана, почувствувал болка во градите и веднаш во моментот бил префрлен во болница. Доживеал инфаркт, вградени му се три стента и посоветуван е да намали со работата. Меѓутоа шпанскиот актер, родум од прекрасната Малага, ја прифатил улогата во серијата „Пикасо“, во која што ќе го оживее ликот на најпознатиот светски сликар. Бидејќи и славниот Дон Пабло потекувал од Малага, за Бандерас ова било предизвик кој го сакал и од кој се плашел целиот свој живот.


Одмор после инфарктот? Ни случајно

37 годишното непрекинато снимање е причината што овој актер на 57 годишна возраст зад себе има голем број на снимени филмови, како и ангажмани на полето на модата, парфемите, виното и хуманитарната работа. Не му паѓа на памет да застане, иако во првите моменти после срцевиот удар си помислил да престане со актерската кариера.

„Беше страшно. Го знаев тоа и претходно, но тогаш јасно пред себе видов дека постоењето на смртта е единствената извесна работа во животот. Тогаш фатив дека доколку престанам со актерството, ќе се изедам жив. Тоа е мојот живот. Не сакам да живеам како веќе да сум мртов. Ако починам, починам“ - рекол Бандерас.

Бандерас признал дека после инфарктот многу работи во неговиот живот се смениле. Прво престанал да пуши, редовно вежба, правилно се храни и дисциплинирано ги зема лековите кои му се препишани.

„Видов дека мојот изглед се промени после срцевиот удар. Не се препознавав себеси, својот поглед и изразот на лицето. А потоа судбината ме награди, затоа што станав поопуштен, послободен, способен да ги избирам улогите кои отсекогаш сум ги сакал и да го остварам начинот на живот во кој што уживам. Болеста нешто ни зема, но нешто и ни дава“ - изјавил Бандерас на фестивалот во Малага.  


Скапи разводи и живот на село со новата девојка

Убавиот Бандерас, инфарктот го доживеал во Англија, поточно во преубавото село Кобем, каде што од 2015-та година живее во модерна куќа со девојката Никол Кимпел, советничка за инвестиции. Во куќа од стакло, дрво и мермер, заљубениот пар ужива во срните и лисиците кои често можат да ги забележат во нивниот двор. Со Никол се запознал во Кан во 2014-та година, а таа не сакала љубовна врска додека Антонио не биде слободен.

Веќе наредната година, Антонио се развел од холивудската дива Мелани Грифит, со која бил во брак 19 години и со која ја има ќерката Стела. Бандерас, великодушно ѝ  го оставил станот во Њујорк на Мелани, куќата во Колорадо, 60.000 долари месечна алиментација, но и една од двете слики на Пикасо кои ги поседувал. На првата сопруга, Ана Лези, и ја оставил куќата во Мадрид, висока алиментација и удел во сите филмови кои ги снимил до 1996-та година.

И покрај тоа што сопругите го “одрале“, Бандерас и понатаму е богат, но и многу вреден актер. Ниту болеста не го спречува да работи со полна пареа.

„Болеста ми помогна да го сфатам генијот покрај чија куќа поминував како дете. Да не ја почувствував близината на смртта, ќе се плашев да го глумам големиот Пикасо“ - изјавил Бандерас со насмевка на лицето. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk