Корејскиот милијардер кој потпишал договор со Rimac носи часовник од 20 долари

Супермен

14/05/2019

14:20

4.509

Големина на фонт

а а а

Hyundai во хрватската автомобилска компанија Rimac вложува 80 милијарди евра, а на фотографиите на потпишување на договорот помеѓу Мате Римац и извршниот потпретседател на Hyundai Motor Group се крие еден интересен детаљ.

Имено, Чунг Еуи-сун, кој според податоците на Bloomberg е “тежок” дури 4,2 милијарди долари, носи Casio часовник од само 19,95 долари.


Станува збор за моделот F91 W, кежуал часовник кој на Amazon или eBay може да се пронајде и за десетина долари. 


Инаку, Чунг не го криел своето воодушевување од Rimac:

“Нивните старт-ап корени и богатото искуство во соработката со произведувачите на автомобили во комбинација со технолошката сила го прават Rimac идеален партнер за нас. Се радуваме на соработката со Rimac на нашиот пат кон чистата мобилност”, изјавил извршниот директор.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk