Салонот за суперавтомобили во Дубаи е вистински празник за очи

Точка

15/05/2019

14:21

1.335

Големина на фонт

а а а

На едно место може да се види и да се купи секој спортски автомобил кој можете да ги замислите.

За вљубениците во суперавтомобили, Дубаи е една од најдобрите дестинации. На улиците на овој град може да се сретнат сите најлуксузни и најскапи спортски модели, а многу од нив се наоѓаат и во возниот парк на локалната полиција. 

Сите барања на богатите купувачи од Дубаи ги исполнува најголемиот продавач на суперспортски и луксузни автомобили во тој град, VIP Motors UAE.

Освен актуелни модели, во овој продажен салон може да се видат и некои суперавтомобили кои повеќе не се произведуваат, а интересно е дека многу од нив се застапени во 2,3 или 4 примероци.

На пример, тука има два автомобили Mercedes-Benz SLR McLaren, легендарен модел кој одамна не се изработува, додека актуелниот "Ferrari 812 Superfast" е достапен во четири примероци.

"Porsche 918 Spyder", кој во периодот од 2013-2015 се произведувал во ограничена серија од само 918 возила, во салонот на VIP Motors UAE е застапен со 3 автомобили, а има и 3 Lamborghini Aventador SVJ.

Во овој салон не недостасуваат ни скапоцени SUV автомобили и теренци, меѓу кои и Mercedes-Benz G500, но и Maybach Landaulet, додека SUV-то Lamborghini Urus може да се види во четири примероци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг