КИА ги откри првите цртежи од својот најнов џип...

Точка

15/05/2019

14:58

3.456

Големина на фонт

а а а

Корејскиот производител бележи одлични резултати во изминатите неколку години, па сега ја продолжува офанзивата на пазарот со проширување на понудата.

Новиот џип на КИА ќе биде помал од моделот “Stonic”, а ќе нуди простор и можности на едно традиционално SUV возило во компактно издание.

Како што пренесуваат корејските медиуми, новиот мал џип на КИА би требало да се најде во продажба кон крајот на оваа година, а засега Корејците немаат план џипот да го пласираат и на европскиот пазар.


Засега не е познато името на новиот модел на КИА, а од цртежите може да се заклучи дека дизајнот е инспириран од SP Signature концептот кој беше претставен неодамна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг