Најбогатиот Кинез им ја објаснил тајната за долгорочното здравје и среќа на своите вработени: “Секс! Шест пати во шест дена!”

Супермен

16/05/2019

14:52

1.459

Големина на фонт

а а а

Најбогатиот Кинез и шеф на Алибаба, Џек Ма, зборувајќи за работната култура во својата компанија, неодамна изјавил дека луѓето кои бараат работа во Алибаба, но не се спремни да работат од 9 наутро до 9 навечер, шест дена во неделата, не треба да се пријавуваат на огласите за работни места.

Ваквото деловно темпо кое не е специфично само за Алибаба туку и за другите кинески компании честопати се нарекува “996” и на работниците не им остава слободно време за било какви други активности. Вработените се константно уморни и под стрес и кога на крајот од работниот ден ќе дојдат дома, често немаат време ниту за дружба со семејството и пријателите. 


Џек Ма сепак има решение за проблемите на своите вработени, а истото го споделил на неодамнешното групно венчање на парови, вработени во Алибаба. Неговата филозофија за долгорочна среќа и здравје е поврзана со секс и ја нарекол “669”.

“Сакаме 669 во животот! Шест пати во шест дена, а нагласокот е на 9”.

Ако се прашувате на што се однесува оваа 9-ка, “The Telegraph” објаснил дека на мандарински се поврзува со зборот “долго”. Ваквите негови совети и шеги, многумина ги искритикувале, а некои ги нарекле неговите коментари и “одвратни”. Но, како луѓето да се опуштат и да им се посветат на своите партнери кога немаат време ниту за одмор, а камоли за секс – поради “996”, нема ниту “669”.


Инаку, групните венчавки се долгогодишна традиција наречена “Алидеј” во текот на кои лицата кои работат во Алибаба го кажуваат судбоносното “да” на своите партнери во текот на церемонијата. На таквата свеченост присуствува и Џек Ма, а оваа година е одржана венчавка за дури 102 пара, вклучувајќи и лица кои работат во канцелариите на компанијата во странство и оние кои за оваа пригода пристигнале во седиштето на компанијата во Хангжу.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk