Еден од најубавите видови е пред изумирање: Минатата година умреле илјадници коали поради топлотните бранови

Точка

16/05/2019

20:55

1.222

Големина на фонт

а а а

Бројот на коали ширум Австралија драстично опаднал, а со тоа овој животински вид е “функционално изумрен”, сметаат активистите.

Фондацијата за коали навела дека останале 80 илјади единки во дивината, што значи дека е тешко тие да создадат нови генерации од овој вид.  


“Функционално изумрениот” вид опишува вид на животни чија бројка е толку мала што тие полека престануваат да влијаат врз околината, не остануваат парови за размножување или и понатаму се размножуваат, но потекнуваат од мал број единки, а со тоа младенчињата сè почесто се раѓаат со генетски мутации.

Фондацијата наведува дека од 2010 година надгледувала 128 подрачја кои се познати како опкружувања со коали, од кои во 41 не останала ниту една коала. Помеѓу 1890 и 1927 година, повеќе од 8 милиони животни биле пренесени во Лондон и убиени поради нивното крзно.


Најголемата закана за коалите е загубата на нивното живеалиште и топлотните бранови предизвикани од климатските промени. Само минатата година умреле илјадници коали поради дехидратација.

Во мај 2012 година, коалата беше ставена на листата на загрозени видови во Квинсленд, Нов Јужен Велс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг