Порно филмовите му го уништиле половиот орган: Актерот го напуштил снимањето на филмовите за возрасни после кобното сознание за него

Супермен

17/05/2019

11:07

4.413

Големина на фонт

а а а

Поранешниот актер на порно филмови, Кристофер Зајшег, познат под порно името Дени Вајлд, јавно прозборе за последиците по неговото здравје заради кои ја напушти работата во порно индустријата. Заради предозирање со лекови кои се наменети за постигнување на ерекција тој завршил во болница.

Во порно филмовите глумел 10 години, а може да се види во повеќе од 600 сцени и со мажи и со жени. Заработувал огромна количина пари, а единствениот проблем му било осудувањето од околината.

Иако неговото семејство не било задоволно со изборот на неговата професија, сепак ситуацијата уште повеќе се влошила затоа што тој одлучил да глуми и во стрејт и во геј порно филмови. Тогаш наишол на проблеми и на работа затоа што екипата од стрејт порно филмовите не била благонаклонета на фактот дека актерите од геј порно филмовите не мора да одат на редовни тестирања. На крајот Дени завршил во болница со дијагноза на пријапизма, односно продолжена ерекција заради својата зависност од лековите против еректилна дисфункција.

„Во текот на осумгодишната кариера, завршив во болница трипати секојпат заради пријапизма. После третиот пат, докторот ми кажа дека ќе имам трајни проблеми доколку продолжам да ги користам овие лекови. На пример, ткивото во пенисот може да биде оштетено што би довело до импотенција. Престанав да глумам во порно филмовите уште наредниот ден. Не мислев дека имам здравствен проблем, не чувствував несакани ефекти затоа што престанав да ги земам лековите, но денес верувам дека пред крајот на кариерата бев зависен од Cialisu, лек против еректилна дисфункија“ - изјавил Дени за The Independent.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk