Се продава Мерцедес од 1985-та година за вртоглава сума

Супермен

17/05/2019

15:30

2.852

Големина на фонт

а а а

Верувале или не, овој олдтајмер поминал само 10.000 милји и буквално е во перфектна состојба, а се продва на популарниот сајт „eBay“ за 57.000 долари.

Овој автомобил поседува 5.0 литарски V8 мотор кој произведува 230 коњски сили. Со моторот е поврзан 4-степен автоматски менувач кој бил многу редок за тоа време и кој прави овој автомобил да биде уште поредок и повреден.


Овој автомобил не прошол низ никакви механички модификации, но содржи оригинални AMG каросериски делови. Предниот и задниот браник, шмукувачите за воздух и други делови, дополнително се додадени на автомобилот, бидејќи овој модел во оригиналната верзија не ги содржел тие делови. Со оглед на тоа дека се работи за оригинални AGM делови, вредноста на овој автомобил не е загрозена на овој начин.


Ентериерот е во неверојатна состојба и кога ќе седнете во овој автомобил, нема да верувате дека тој всушност е направен во далечната 1985-та година.

Засега уште никој не го купил овој автомобил, но претпоставуваме дека некои љубители на олдтајмери ќе се јават и ќе ја купат оваа „бела мечка“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk