Google потврди: Во иднина повеќе реклами на мобилните уреди

Точка

17/05/2019

16:37

1.774

Големина на фонт

а а а

Google објави дека наскоро ќе почне да поставува повеќе реклами и огласи на мобилните уреди, за да им олесни на Android и iOS корисниците да најдат информации за производите кои сакаат да ги купат.

Т.н. Discovery реклами, ќе им бидат достапни на сите огласувачи во текот на оваа година, како и нов начин за пристап до корисниците преку Google екосистемите.

Покрај Discovery рекламите, Google откриле и дека на мобилните корисници ќе им овозможи Gallery реклами. Во прашање е новиот формат за пребарување на реклами кои пристигнуваат во форма до осум реклами кои можат да се листаат.


Исто така, стандардните реклами сега ќе се појавуваат во Google Discover feed, кој е имплементиран во бројни почетни Android екрани, во Google апликацијата, како и на почетната Google страница.

Овие реклами би требало да ги инспирираат корисниците и да им овозможат да дознаат повеќе за новите брендови и производи.

На крајот, Google планира да овозможи Showcase Shopping реклами за Google Images, feed во Discovery, како и за YouTube.



Спонзорирани линкови

Маркетинг