Ѕвездите на Ајакс, Де Лихт и Де Јонг слетаа во Барселона

Макфакс

18/05/2019

13:00

724

Големина на фонт

а а а

Двајцата најбарани млади фудбалери во светот во моментов, најголемите ѕвезди на летниот преоден рок доцна синоќа слетаа на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона. Станува збор за фудбалерите на Ајакс, Френки Де Јонг (22) и Матијс Де Лихт (19).

Тие во Каталонија дојдоа со соиграчите од Ајакс за таму да ја прослават двојната круна во холандското првенство.

Голем интерес кај фудбалската публиката предизвика фактот дека во Барселона доаѓа играчот кој веќе потпиша за Каталонците (Де Јонг) и неговиот нераздвоен пријател кој се уште размислува каде ќе ја продолжи кариерата.

Ова лето реално е да се очекува во Барса да се екипираат три екстра засилувања. Покрај Де Јонг, Де Лихт е пред вратите на клубот, а од Атлетико Мадрид, според информациите, доаѓа Антоан Гризман.

Преминот на Де Јонг од Ајакс во Барса чинеше 75 милиони евра. Информациите се дека цената на Де Лихт моментно изнесува 70 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг