Престојувајте во кулата на златокосата Рапанзел и почувствувајте ја магијата на замокот стар неколку векови

Точка

18/05/2019

14:00

1.526

Големина на фонт

а а а

Доколку сте во потрага по идеален одмор за оваа година тогаш посете те ја оваа подалечна земја која изобилува со замоци и романтични приказни, а тоа е Велс.

Во срцето на националниот парк Сноудонија се наоѓа неверојатната кула Брајнкир и изгледа како кулата во која златокосата Рапанзел била затворена. Големата кула датира од 1800-те години, а изградена е за сер Жосеф Хударт во знак на благодарност за сè што направил за земјата.

Неодамна целата кула е реновирана, а сега може и да престојувате во неа. Сè е како бајка, спиралните скали, камените сводови и вратите од масивно дрво.


Создава вистинско чувство на бајка. Постојат соби со два кревети, удобно наместени и со прекрасен поглед кон околината.

Дури и тоалетот изгледа достоен за тие краишта затоа што има голема када и многу простор.

За оние кои сакаат авантура и шетање по околината тука се наоѓа и селото Бедгелерт и брегот покрај самата кула.

За седум ноќевања во овој хотел ќе ви бидат потребни околу 700 евра во кои се вклучени и посета на целата кула и самопослижување кога станува збор за храната.

Сегашниот сопственик Ричард Вилијамс ја откупил кулата во 1990-те години.


Сопственикот и вработените работеле вредно на уредувањето на кулата и успеале да ја направат удобна за сите нејзини посетители.




Спонзорирани линкови

Маркетинг