Нахранила ученик кој немал пари за ручек, па добила отказ

Точка

18/05/2019

14:27

3.766

Големина на фонт

а а а

Работничка во училишна кантина во едно од средните училишта во САД, добила отказ бидејќи му дала храна на ученик без оглед на тоа што тој не можел да ја плати.

Бони Кимбаи од американскиот Њу Хемпшир, едноставно го замолила ученикот да плати наредниот ден. Не размислувала долго, со оглед на тоа дека веќе неколку години работела во тоа училиште, а ученикот го познава од мали нозе.

Меѓутоа, нејзиниот работодавец не мислел така, па поради сметката од осум долари, Бони добила отказ со образложение дека се работи за кражба, пренесува CNN.

Нејзиниот работодавец изјавил дека ученикот не би останал без храна и дека можел да добие сендвич и прилог.

„Не би отпуштиле работник затоа што на некој му дал оброк. Оваа компанија има одредени правила и доколку вработениот ги прекрши, следуваат последици, а тоа може да биде и отказ. Ние сме горди што обезбедуваме оброци за сиромашните“, била неговата официјална изјава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг