7 знаци кои откриваат дека вашето момче е опседнато со претходната девојка

Точка

18/05/2019

14:47

2.517

Големина на фонт

а а а

Постојат знаци кои ќе ви откријат дали вашето момче е опседнато со неговата претходна девојка. Некогаш луѓето влегуваат во љубовна врска пред да го излечат скршеното срце, а со тоа дополнително си го комплицираат љубовниот живот.

Ова се 7-те знаци кои откриваат дека на вашиот љубовен партнер му недостасува претходната девојка:

Фотографии и подароци

Доколку вашиот партнер сè уште има фотографии со неговата претходна девојка на телефон и подароци кои ги добил од неа за кои смета дека се вредни, тоа веројатно кај вас ќе предизвика сомнеж. Во тој случај треба да разговарате искрено за тоа и да ја разјасните ситуацијата.


Споредување

Спомнување на името на претходната девојка и потсетување на минатото, споредување на вашите навики, личности, смисла за мода и други работи е причина за грижа. Тоа може да се случи повремено во текот на одредени разговори, но доколку премине во рутина тогаш може да го сметате за аларм на кој треба да обратите внимание.

Излегување на исти места

Доколку вашиот партнер преферира да ве носи на места на кои претходно одел со претходната девојка, тоа покажува дека тој продолжува да ја следи старата шема и сака да ги оживее старите сеќавања.

Пријателство со претходната девојка

Нормално е да бидете во добри односи со претходната девојка, но кога мажот целосно ќе ги остави зад себе минатото и ќе ги изгуби чувствата кон претходната девојка. Но доколку тој бара начини да остане во контакт со неа тоа може да биде показател дека сака нешто повеќе од пријателство.

Семејството на претходната девојка

Нема ништо лошо во тоа да се биде пристоен кон членовите на семејството од претходната девојка, но после прекинувањето на љубовната врска не е нормално да се остане дел од семејните собирања. Тоа покажува дека вашиот партнер е сè уште поврзан за нејзиното семејство или дека се обидува да биде активно вмешан во нивниот живот заради некоја причина.


Социјални мрежи и кругот на пријатели 

Доколку видите дека вашиот партнер премногу често и непотребно коментира на објавите на неговата претходна девојка, се труди да остане во контакт со нивните заеднички пријатели или се обидува да дознае што се случува во нејзиниот љубовен живот, тогаш сè треба да ви биде јасно.

Неискрен разговор

Кога ќе дојдете до моментот да одлучите да разговарате за она што ве загрижува, вашиот партнер можеби ќе се обиде да ја промени темата за да се извлече од таа ситуација. Во тој случај јасно е дека не е подготвен за отворен разговор за неговата претходна девојка и дека нешто крие. Сето тоа е огромна препрека во една успешна љубовна врска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг