Пред да станат славни: Кортни Кокс објави досега невидена фотографија од „Пријатели“

Точка

18/05/2019

16:05

5.070

Големина на фонт

а а а

„Ние шестмина на пат кон Лас Вегас, а никој од нас не знаеше дека ќе бидеме „Пријатели“ – напишала Кортни Кокс на Инстаграм и објавила хит фотографија која за еден ден имала повеќе од 1 милион лајкови.

Актерката Кортни Кокс која со светска слава се стекна глумејќи го ликот на Моника Гелер во серијата „Пријатели“, ги израдува фановите ширум светот со новата објава на Инстаграм.


Таа на друштвената мрежа постави фотографија на која покрај неа се наоѓаат: Дејвид Швимер (кој го глумеше Рос Гелер), Лиса Кудроу (како Фиби Буфе), Метју Пери (како Чендлер Бинг), Мет Ле Бланк (како Џои Трибијани) и Џенифер Анистон (како Рејчел Грин).


Станува збор за периодот кога актерите од серијата „Пријатели“ не беа славни.

„Ние шестмина на пат кон Лас Вегас, а никој од нас не знаеше дека ќе бидеме „Пријатели“ – напишала Кортни Кокс на Инстаграм.

Фотографијата за еден ден имала повеќе од 1 милион лајкови.

Погледнете ја фотографијата:





Спонзорирани линкови

Маркетинг