Кристијано Роналдо испратил порака до соиграчите кога слушнал дека Алегри го напушта Јувентус

Дерби

18/05/2019

15:39

2.387

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден од таборот на Јувентус и официјално соопштија дека Масимилијано Алегри по крајот на оваа сезона ќе го напушти клубот и ќе си замине од Торино.

Алегри со „старата дама“ нанижа големи успеси во последниве пет години во кои успеа да собере вкупно 11 трофеи.

Медиумите во Италија пренесуваат дека првата ѕвезда на клубот, Кристијано Роналдо прв упатил порака до своите соиграчи кога дознал дека Алегри и официјално ќе си замине по крајот на сезоната.

Наводно, Португалецот побарал од фудбалерите на Јувентус во недела сите да играат за својот стратег на натпреварот против Аталанта кој ќе е последен за „старата дама“ оваа сезона на домашен терен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг