“Најпијаната” нација на светот се Британците, а еве кои држави ѝ се зад пети

Точка

18/05/2019

16:28

4.521

Големина на фонт

а а а

“Најпијаната” нација во светот е Велика Британија – ова се резултатите на осмото по ред “Глобално истражување за дроги” кое се смета за најголема анкета за употреба на супстанци во светот.

Британците во просек се опиваат 51,1 пати во период од една година, што е речиси еднаш во 7 дена. Глобалниот просек е 33 пати, според анализата на податоци собрана врз база на луѓе од 36 различни земји ширум светот, пренесува “Daily Mail”. 


Експертите веруваат дека тоа е поттикнато од страна на младите генерации кои многу повеќе практикуваат опивање во однос на постарите групи. Професорот Адам Винсток, основач на оваа анкета, изјавил дека повеќето кои пијат, го прават тоа на исклучително штетен начин. Проблемот не е во пијалоците, туку во нивното прекумерно консумирање, пишува “Daily Mail”.

“Сè додека не се промени културата, а ние не станеме “повеќе европски” и поумерени во пиењето, ќе мораме да смислиме некое решение и да размислуваме за тоа како да се советуваат луѓето помалку да се опиваат”, изјавил Винсток.

По Британија следуваат САД, Канада и Австралија.


Државите од Балканот се сместени во иста група и сите го делат 17-тото место. Имено, просекот на опивање во 36 различни земји е 33, а во балканските земји оваа бројка изнесува 31, што нè сместува во некоја “златна средина”.

Топ 15 “најпијани” нации се: Велика Британија, САД, Канада, Австралија, Данска, Индија, Ирска, Мексико, Чешка, Финска, Белгија, Нов Зеланд, Франција, Шпанија, Шведска, Словачка па потоа земјите од Балканот.

Останатите земји на листата се Италија, Австрија, Норвешка, Холандија, Швајцарија, Бразил, Унгарија, Аргентина, Колумбија, Германија, Португалија и Чиле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг