Баерн со „петарда“ до нова титула во Бундеслигата, Леверкузен обезбеди билет за ЛШ

Дерби

18/05/2019

20:00

1.614

Големина на фонт

а а а

Тимот на Баерн Минхен е старо-нов германски шампион и тоа откако денеска во последното коло го прегази Ајнтрахт Франкфурт со 5-1.

Ова шоу на четата на Нико Ковач беше повеќе од доволно беше доволно за освојување на 7. титула во низа во Бундеслитата или севкупно 29 во ова натпреварување. Коман, Алаба, Санчез и легендарните Рибери и Робен за кои ова беше последен меч на „Алијанц Арена“ се запишаа во листата на стрелци кај домаќините, додека на спротивната страна погоди Халер.


Дортмунд со победа (2-0) на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах ја заокружи оваа кампања, додека пак Баер Леверкузен со славјето од 5-1 кај Херта дојде до 4 позиција и наредната година ќе игра во ЛШ заедно со Баерн, Дортмунд и РБ Лајпциг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг