Ањели: Одлуката за Алегри беше…

Дерби

18/05/2019

20:00

1.992

Големина на фонт

а а а

Андреа Ањели денеска не штедеше комплименти на заедничката прес-конференција со тренерот во заминување Макс Алегри, потенцирајќи ги атмосферата, напредокот и резултатите кои ги постигнал Јувентус во овој петгодишен период.

Првиот човек на „бјанконерите“ не сакал да зборува за наследникот на Алегри, комплетно посветувајќи го обраќањето до новинарите за неверојатно успешните пет сезони кои остануваат зад Јувентус.

– Ова беше најтешката одлука која сум ја донел во Јувентус. Кога водите бизнис мора да донесете вистински одлуки во вистински момент.

– По натпреварот со Ајакс, точно е дека најавив дека сакаме да продолжиме да работиме со Алегри, тогаш тоа беше мојот став. Но, како поминуваше времето и анализиравме одредени работи и детали, за жал дојдов до заклучок дека можеби е најдобар момент да ставиме крај на една од најверојатните ери во клупската историја, – истакнал Ањели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг