Валверде со прва изјава: Ако Гризман пристигне во Барселона…

Дерби

18/05/2019

20:01

2.960

Големина на фонт

а а а

Потенцијалниот трансфер на Антоан Гризман во редовите на Барселона крена голем прав во јавноста, не само поради поделеноста меѓу поранешните легенди на клубот, туку и поради негодувањето на фановите да се купи играчот кој минатата година доста лукаво го изигра каталонскиот гигант.

Французинот беше жестоко исвиркан на „Камп Ноу“ токму поради оваа епизода при своето последно гостување како играч на Атлетико, а бидејќи шпанските медиуми веќе пренесуваат дека Барселона е следната дестинација на Гризман, ова прашање му беше поставено и на Ернесто Валверде.

Поточно, тренерот на Барселона беше запрашан каде би играл Гризман во стартната постава на неговиот тим, на што Валверде одговори.

– Секогаш сме го велеле истото. Тој во овој момент се уште е врзан за друг клуб. Гризман е голем играч, ако на крајот пристигне во Барселона, ќе видиме каде ќе игра. Не можам да кажам уште сега, тоа е само претпоставка. Можеби ќе дојде, а можеби не, ќе видиме што ќе се случи ова лето, – изјави Валверде пред последниот меч во Примера во кој Барса за противник ќе го има Еибар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг