Зидан испрати јасна порака: Ќе си заминам од Реал…

Дерби

18/05/2019

20:02

3.963

Големина на фонт

а а а

Францускиот ас, Зинедин Зидан пред неколку месеци и официјално се врати на клупата на Реал Мадрид каде се очекува од него повторно да го врати клубот на победнички патеки од наредната сезона.

Нормално главен предуслов за тоа е добра да се одработи летниот преоден рок, да се дојде до посакуваните играчи, но и да се ослободи од дел од сегашниот играчи кадар. Има доста информации за тоа кои играчи се вишок и нема да смета Зидан, а едно од тие споменати имиња беше Кејлор Навас.

Веста беше дека Навас веќе утре може да го одигра последниот меч за „кралевите“, ама колку е тоа вистина најдобро говори изјавата на Зизи кој воедно испрати една јасна порака има потполна контрола во Реал или поточно се закани дека во моментот кога нема да биде така веднаш ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

-Дали ова ќе биде последен меч на Кејлор Навас? Не, ниту пак размилсувам за следната сезона. Има многу шпекулации за тоа што ќе се случи, ама нема ништо што кажам. Никој не знае што му кажав на Кејлор освен тој и јас. Ќе бидам јасен за тој ќе игра кога следаната сезона ќе започне. Тоа е моја одлука. Што мислите кој го води овој тим? Јасно е како водата: јас сум тренер, секогаш ќе го правам она што го сакам, а ако не можам, тогаш ќе се откажам. Тоа е јасно. Во однос на прашањата за трансферите, има луѓе тука во клубот и сите заедно работиме. Ама тимот, почетниот состав, клупата, составот, тоа е на мене и мојот стручен штаб, -јасно порача Зидан.

Реал ќе ја заокружи оваа сезона со дуелот против Бетис во Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг