Заев со честитки до Тамара: Ни донесовте единство преку музиката

Макфакс

19/05/2019

11:25

2.213

Големина на фонт

а а а

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ (Горда) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за нас во историјата на ова натпреварувње.

По тој повод, на својот фејсбук-профил честитка упати и премиерот Зоран Заев кој напиша дека одамна не сме биле толку горди.

„Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди! #Proud“, напиша премиерот во кратката објава.

Настапот на Тамара освои 237 поени од стручното жири, но само 58 од телевоутингот, што беше премалку за да имаме можност да се израдуваме со првото место, во трка која беше неизвесна до самиот крај.

На крајот, победата на годинашниот Евросонг што се одржа во Тел Авив, му припадна на Данкан Лоренс од Холандија со песната „Arcade“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг