Милан ќе прифатат едногодишно исфрлање од Европа?

Макфакс

19/05/2019

11:59

2.642

Големина на фонт

а а а

Италијанските медиуми тврдат дека Милан ќе се обиде да се договори со УЕФА околу прекршувањето на финансискиот ферплеј (ФФП), и ќе се согласи да паузира една година од европскиот фудбал наместо да настаспува во Лига Европа.

„Росонерите“ прво беа исклучени од сезоната 2018/19, но добија дозвола во последна минута да настапат во Лига Европа, каде што испаднаа уште во натпреварувањата во групи. Последната казна од УЕФА беше 12 милиони евра, ограничување на 21 фудбалер за европските натпреварувања и исклучување една година доколку финансиите не се средат до 2021, нешто што во клубот сметат дека не можат да го постигнат.

Досега, Милан не се жалеше пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС), и според „Кориере дела сера“ ако не успеат да се квалификуваат за Лигата на шампиони со топ 4 пласман, можат да прифатат едногодишна казна, бидејќи имаат малку интерес да играат во Лига Европа. Со ова, Милан ќе добијат шанса до 2021 со продажба на фудбалерите да го испочитуваат договореното.



Спонзорирани линкови

Маркетинг