Арнолд Шварценегер нападнат за време на спортски настан во Јужна Африка

Точка

19/05/2019

12:30

3.163

Големина на фонт

а а а

Познатиот бодибилдер, актер и политичар, Арнолд Шварценегер, беше нападнат во Јужна Африка. 71-годишниот Американец пристигнал во Сандтон за да суди на локален спортски настан.

На видео снимката која што ја објави „еНЦА“ се гледа како додека 71-годишниот актер ги снима децата за време на еден спортски настан, од позади го напаѓа непознат човек, од сè уште непознати причини. Актерот паднал на подот, а обезбедувањето брзо изреагирало.

„Ви благодарам за грижата, ама нема потреба од тоа. Мислев дека луѓето во гужвата ме потурнале, што и често се случува на некои настани. Дека ме удриле сфатив откако ја видов видео снимката“, напиша Арнолд Шварценегер на својот Твитер профил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг