Компани заминува од Сити: Дојде време да си одам

Макфакс

19/05/2019

12:39

1.971

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Манчестер сити, Винсен Компани потврди дека заминува од клубот по 11 сезони со отворено писмо до навивачите во кое се заблагодарува за лојалноста и инспирацијата.

Откако во саботата ги предводеше Сити до 6:0 победа над Ватфорд за ФА купот и историска прва тројна титула во англискиот клуб, Белгиецот потврди дека веќе го одиграл последниот меч за „граѓаните“.

„Заврши оваа неверојатна сезона. Моја 11-та како ’син’. И не верувам дека го пишувам ова, но и последнта како ’син’. Безброј пати го замислував овој ден, бидејќи крајот се чувствуваше толку блиску со години, но уште не ми изгледа вистинско. Ман сити ми даде сè, а јас се обидов да вратам колку што можам. Колкупати некој има шанса да заврши вакво поглавје со клуб со голема историја и традиција. Дојде времето да си заминам. Чувствувам само благодарност, кон тие кои ме поддржуваа во овој посебен клуб и од луѓето во Манчестер. Шеикот Мансур ми го смени животот мене и на сите навивачи на Сити низ светот и за тоа сум вечно благодарен. Се крена сина нација“, напиша Компани на Твитер.

33-годишниот Белгиец дојде од Хамбург во 2008 година, како едно од првите засилувања при преземањето на клубот од компанијата од Абу Даби.




Спонзорирани линкови

Маркетинг